Опис на програма

Курсот по германски јазик за ниво Б2.1 и Б2.2 е насочен кон оспособување на кандидатот да ги разбере главните идеи на сложен текст, вклучувајќи и стручни дискусии од сопствената специјалност. Да може да комуницира до одреден степен флуентно и спонтано што овозможува непречена интеракција со родени говорители без потешкотии за двата соговорника. Да може да состави јасен и детален текст на поширок спектар на теми и да искаже гледиште за одредена тема давајќи добри и лоши страни на различни опции. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на курсот слушателот ќе може да води разговори и да дискутира со познати луѓе, да прочита и разбере статистички податоци, подолги раскази, статии од новина или онлајн магазини, да разбере интервјуа и изјави, да ја пренесе содржината на прочитани текстови во писмена и усмена форма, да зборува за искуства и доживувања, да покаже изненадување, интерес, разбирање, да го изрази своето мислење, претпоставка и да ја образложи. Слушателот го усвојува вокабуларот на тема социјални групи, статистички податоци, чувства, лични односи и врски. Во втората лексија се опфаќа вокабулар на тема пејсаж и музика, придавки и нивна употреба. Слушателот се стекнува со знаење и е оспособен да формулира споредби, да опише нешто или некого, особено да ги истакне особините, детално да извести и да раскаже. Учебникот е така конципиран, да во следните лекции се вежбаат јазичните вештини, и тоа читање и детално разбирање на литературни, стручни текстови, извештаи, правила за игри, загатки, рецензии на интернет, онлајн дневник, слогани на реклами, е- маилови, текстови од магазини, текстови/постови на интернет- форум, интернет страници, песни/поеми, изреки, репортажи, информативни текстови, писма на читатели, профили на фирми, плакати со манифестации, фрази; да слуша и детално да разбира литературни текстови, интервјуа, извештаи, разговори, песни, филмска критика, рецепти за готвење, телефонски разговори, преноси на натпревари, емисии на радио и телевизија. Да фаќа прибелешки и со истите да напише текст, писмено да продискутира за книга или филм, за предности и недостатоци и да даде прелог решение, да претстави проблем и да понуди можности за решавање на истиот, да опише ситуација на работно место, критички да се изрази, да напише смс-пораки, да ја предаде содржината на одреден текст и писмено да аргументира; да зборува за лични искуства и чувства и да ги опише, емоционално да реагира, да зборува за ритуали и да опише празник или прослава од една друга перспектива, да објаснува правила на игра, да опише рецепт, да зборува за цели и намери, спонтано да изрази интерес, да зборува за омилен предмет или занимање, заеднички да го развие продолжението на една приказна, да објасни спортски правила, опширно да зборува за својата дневна рутина, да спореди аргументи, да изрази сомнеж и согласност, заеднички да испланира презентација и да подготви заеднички излет, да објасни нешто со свои зборови; се изучува и се усвојува вокабулар на тема туѓост, блискост/интимност, прослави, чувства и зборови поврзани со нив, абстрактни поими, филм, прехрамбени производи, рецепти, работно место, култура, компјутер, интернет, комуникација, спорт, натпревар, дневна рутина, домаќинство, време и клима, тело, здравје, трговија и берза.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено 6. степен Б1.2 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за 6. степен.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support