Опис на програма

Програмата Зихер Б2 е да ги запознае и научи учесниците со напредни вештини и знаења за ефикасно користење на германскиот јазик во секојдневниот живот и на работното место, како и совладување на:

  • Лексички единици (вокабулар за пријателство, интерактивно радио, работа, дејности на работно месо, службено телефонирање, поздравни карти, медиуми, филмски критики на радио, телефонски известувања, фоторепортажа, понуди за ученици со исписница, блог за престој во странство, работа и саем, искажување желба и наклоност, блог записи, мода, фрази и фразеологизми на тема тело, фитнес, информации за град, проспект за реклами на градови, инфраструктира и особености за град, слободно време и активности, вокабулар за пријателство, рекламни слогани, телевизиски серии, студентски живот, јадење и исхрана, традиционални и регионални јадења, резиме на текстови, фамилијарни врски и состојби, разговор со лекар, германски како службен јазик, интернационализми во германскиот јазик)
  • Граматички единици (дводелни сврзници, позиција во главната реченица, зборообразување-суфикси кај именките, придавките и прилозите, указни зборови во реченица, зависни реченици и сврзници, временски сврзници, футур 2 (минато идно време), поврзување на глаголи, номинализирање на глаголи со именки/прилози, значења на конјунктив 2 (можен начин), придавки со препозиции, именки со препозиции, индиректен говор, генерализирани релативни реченици, споредбени реченици, субјективно значење на модалните глаголи, номинализирање на глголи, кондиционални и концесивни сврзници, поврзување на именки со глаголи, негација со префикси кај придавките, алтернативи за пасив, безпредметни пасивни реченици, неопределни заменки, модални сврзници, партицип како именка, поврзувачки елементи кај именките, продолжен партицип, адверзативни реченици)
  • Писмена интеракција и продукција преку различни вежби, квизови и тестови
  • Индивидуални и групни интерактивни активности
  • Гледање, слушање и интеракција на анимирани филмови и филмски трејлери
  • Пишување на формални и неформални писма

Презентации на одредени теми од секојдневниот живот и работата

Резултати од програма

[:mk]Совладување на: Слушање: разбирање на подолги говори или предавања, следење на комплексни изрази на аргументи доколку темата е позната во доволна мера, разбирање на повеќето вести на телевизија и програмите за тековни настани, разбирање на повеќето филмови на стандарден јазик. Читање: читање статии и извештаи што се однесуваат на современи проблеми во кои авторите имаат посебни ставови или гледишта, разбирање на современа литературна проза. Говорна интеракција: комуникација со степен на течност и спонтаност што овозможува редовна интеракција со родените зборувачи, активно учество во познати контексти, објаснување и одбранување на своите гледишта. Говорна продукција: Јасни и детални описи за широк опсег на теми што се однесуваат на своето поле на интерес, објаснување гледишта на одредена тема претставувајќи ги предностите и слабите страни на различните можности. Пишување: на јасен и детален текст за широк опсег на теми што се однесуваат на своите интереси, пишување есеј или извештај, пренесување информација и давање образложение за или против одредени гледиште. Пишување писма истакнувајќи го личното значење на настаните или искуствата[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лица над 18 години со завршено минимум средно образование и со завршено Б1 ниво по германски јазик.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 36 60
Пракса 22 37
Оценување 2 3
Вкупен број на часови 60
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support