Опис на програма

Курсот по германски јазик за ниво Б2.1 и Б2.2 е насочен кон оспособување на кандидатот да ги разбере главните идеи на сложен текст, вклучувајќи и стручни дискусии од сопствената специјалност. Да може да комуницира до одреден степен флуентно и спонтано што овозможува непречена интеракција со родени говорители без потешкотии за двата соговорника. Да може да состави јасен и детален текст на поширок спектар на теми и да искаже гледиште за одредена тема давајќи добри и лоши страни на различни опции. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Резултати од програма

[:mk]Резултати од програмата По завршувањето на курсот слушателот ќе може да разбере текстови од новини и списанија , кои ќе треба соодветно да ги подреди на дадените личности, подолги текстови и да одговори различни прашања за истите, да прочита и разбере лично мислење на одреден автор, новинар или политичар на одредена тема и да одлучи дали составувачот има позитивно или негативно мислење за дадените прашања, да ги потполни празнините дадени во текст, каде што зборот што фали може да е именка, глагол, заменка, придавка или предлог. Да слуша и разбере подолг текст, во кој одредена личност која лично ја познава (колега, колешка, пријател, пријателка, познаник, познаничка, шеф или шефица) остава важна порака со многу информации (датум, телефонски број, адреса, име на улица, информации за цена, време или слично) на телефонска секретарка и за истиот слушнат текст да ги корегира дадените информации или да ги потполни оние што фалат, да разбере подолг разговор или интервју кој се води помеѓу две или три личности од кои едниот е интервјуер кој води разговор со една или две личности и да ги реши понудените вежби. Да пише на весник или онлајн редакција на зададени теми, да ги корегира грешките во подолг текст или формално писмо. Да води разговор со партнер за две или три зададени слики и активно да учествува во разговорот, усмено да заземе став за краток текст изваден од весник, да претстави јасно кое мислење е застапено во текстот и кое е неговото сопствено мислење, со кои делови се согласува, а за кои има поинакво мислење. Слушателот го усвојува и проширува вокабуларот на тема јавен транспорт и превозни средства, бои, облека, градби, животна средина, индустрија, здравје, социјален ангажман, политика, проблеми, договори, патувања, дипломи и свидетелства, биографија, работен свет, занимања, предмети од секојдневие, опис на лица, наука и истражување, царина, граница, банка, студии, места, предели и пејсажи. Слушателот на ова ниво има познавања кои ги проширува, надградува и ги применува во сите јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување). Тој знае да покаже разбирање, да заземе став, да претстави проблем, да реагира на зададен проблем, да направи предлог решение, да реагира на туѓ предлог, да се пожали, да побара нешто, да се заблагодари, да се согласи, негира, да се распраша, да оцени, пожестоко да кометира или реагира, да замоли за помош, да даде совети, да реагира на дадени совети, да опише, да изрази претпоставки, презентира, да интерпретира, да образложи.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Курсот е наменет за возрасни слушатели кои го имаат завршено 7. степен Б2.1 и со тестирање покажуваат соодветно знаење за 7. степен.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 19 59
Пракса 12 37
Оценување 1 3
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support