Опис на програма

– Целта на курсот Б2/3 е комплетирање на нивото Б2 и подготовка на слушателите за полагање на  испитот Goethe – Zertifikat B2, кој е меѓународно признаен испит. Во текот на курсот се довршува целото ниво Б2, се проширува и утврдува веќе стекнатото знаење од претходните степени, но и се воведуваат специфични техники кои самиот испит ги бара:

  • читање
  • пишување
  • зборување
  • слушање

– Теми: изразување чувства: музиката како терапија, значењето и моќта на боите, чувствување на странскиот јазик како мајчин, стравот и други чувства, германски поети; поглед кон иднината: техника и роботи, професии на иднината, образованието, текот на работниот ден, сообраќајот и медицината во иднината, поднесување писмена жалба, анализа на интервју и дискусии за можни сценарија на нашата иднина, веќе разработувани во книги и филмови.

– Граматика: глаголски именки, модални честички, партиципи и сврзници, зависни од падежи.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата слушателот ќе биде запознаен со формата на испитот. Курсот овозможува слушателите да ги подобрат и совладаат следните вештини:
  • слушање со разбирање
  • читање текстови со разбирање
  • совладување соодветни граматички структури и вокабулар
  • пишување есеи, формални и неформални писма, извештаи и новинарски написи во коишто умеат да го разработат веќе даденото мислење и да искажат свое
  • зборување на зададена тема, негирање или прифаќање на веќе постоечките ставови со аргументирање на своите ставови и искази.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Познавање на германскиот јазик најмалку на ниво Б2/2.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 88
Пракса 1 3
Оценување 3 9
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support