Опис на програма

Програмата Зихер Ц1 е да ги запознае и научи учесниците со напредни вештини и знаења за ефикасно користење на германскиот јазик во секојдневниот живот и на работното место, како и совладување на:

  • Лексички единици (општествени теми, технологија, хотелиерство, туристичка програма, научни откритија, басни и сказни, интелегенција, наука, знаење, пресметка и исплата на плата и хонорар, уметнички портрети, студиски насоки, интеркултурна комуникација, економија, емоционална интелегенција, психологија, видови однесување кај личноста, живеење во иднината, литературни текстови, портрет на автори, интеркултурни недоразбирања во службената комуникација, совети за правилно однесување при службени патувања, презентации на книги, продукција, технички пронајдоци).
  • Граматички единици (субјективно значење на модалните глаголи, збоорообразување на придавки и глаголи со префикси, дводелни причински и рестриктивни сврзници, придавска деклинација според членови и придавки, неопределни бројни зборови, степенување на придавки, индиректен говор, прашања и заповеден начин, причински сврзници, структура на реченица, пасивни замени, реченични структури, кондиционални и концесивни сврзници, придавки и партицип со препозиции, прецизни поврзувачки прилози, варијации за поставување на реченица, зборообразување со суфикси кај именки, временски и финални сврзници, консекутивни и модални сврзници, споредби и споредбени реченици, препозиции со генитив.
  • Писмена интеракција и продукција преку различни вежби, квизови и тестови
  • Индивидуални и групни интерактивни активности преку дискусии
  • Гледање, слушање и интеракција на анимирани филмови и филмски трејлери
  • Слушање и коментари за радио емисии
  • Пишување на формални и неформални писма
  • Презентации на одредени теми
  • Граматички и лексички вежби
  • Користење на еднојазичен речник
  • Изработка на проекти

Натписи од весници, списанија, блогови

Резултати од програма

[:mk]Совладување на: Слушање: разбирање на подолги говори, дури кога не се јасно структуирани и кога врските се само имплицирани, а не се експлицитно сигнализирани. Разбирање на телевизиски програми и филмови без преголем напор. Читање: Разбирање на долги и комплексни фактични и книжевни текстови, согледувајќи ги стилските разлики. Разбирање на специјализирани статии и подолги технички инструкции, дури и кога не се од позната област. Говорна интеракција: Комуникација со течно и спонтано изразување, без многу очигледно да се бара соодветниот збор. Користење на јазикот флексибилно и ефективно за социјални и професионални цели. Прецизно формулирање на идеи и мислења и вешто надоврзување на исказите на соговорниците. Говорна продукција: Јасни и детални описи на комплексни теми вклучувајќи и поттеми, развивање конкретни поенти и заокружување со соодветен заклучок. Пишување: изразување со јасни, добро структурирани текстови, изразувајќи ги гледиштата во поопширна форма. Пишување комплексни теми во писмо, есеј или извештај, нагласувајќи ја главната цел. Одбирање стил кој би бил соодветен за планираниот читател.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лица над 18 год, со завршено мин. средно образование и со завршено Б2 ниво по германски јазик[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 36 60
Пракса 22 37
Оценување 2 3
Вкупен број на часови 60
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support