Опис на програма

Целта на овој курс е продлабочување на претходно стекнатите познавања од областа на јазикот и јазичните структири, како и постепена подготовка за полагање на интернационални испити за германски јазик, кај кои се посветува особено внимание на четирите клучни техники на познавање на јазик: читање, слушање, пишување и зборување.

Теми: планови, цели и достигнувања, здравје и здрав живот, право и криминалистика, психологија и меморија.

Граматички структури: зависни реченици и нивната именска парафраза (негативни последични, допусни, целни, условни и инфинитивни реченици во сегашно и минато време), особености на пасивот, модален партицип, субјективна употреба на модалните глаголи.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата слушателот ќе го продлабочи граматичкото и лексичкото знаење од претходните степени и ќе се стекне со нови начини на изразување. Целта на овој степен е понапредно, академско познавање на секојдневниот и деловниот германски јазик. Освен тоа, слушателот ќе се запознае со основите типови на задачи во интернационалните испити и начините за најефикасно решавање.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Познавање на германскиот јазик најмалку на ниво Ц1/1[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 88
Пракса 1 3
Оценување 3 9
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support