Опис на програма

Кандидатот се оспособува без потешкотии да разбере практично се што ќе слушне или прочита. Може да сумира информации од различни пишани или говорни извори и да ги реконструира аргументите и фактите во кохерентна презентација. Може да се изрази спонтано, флуентно и прецизно и притоа: да ги разликува најсуптилните нијанси на значење дури и во посложени ситуации.

Резултати од програма

[:mk]Кандидатот е способен да Нема потешкотии да разбере кој и да е тип говорен јазик во непосредна комуникација или преку медиумите, дури и ако се зборува со брзина на роден говорител, доколку има малку време да се навикне на акцентот. Може со леснотија да ги чита сите пишани форми на јазикот, вклучувајќи  и  апстрактни, структурално   или   јазично сложени текстови, како на пр., прирачници, стручни написи и литературни дела. Може со леснотија да учествува во секој разговор или дискусија и има добро познавање на идиоматски изрази и колоквијализми. Може течно да се изразува и прецизно да ги доловува и попрефинетите нијанси на значењето. Доколку наиде на проблем, може да се наврати и да го преформулира толку вешто, што другите нема да го забележат тоа. Може  јасно   и   течно  да опишува и да расправа со стил кој е соодветен на контекстот и со таква логична структура која му помага на соговорникот да ги забележи и да ги запомни значајните идеи. Може да напише јасен текст во соодветен стил. Може да пишува сложени писма, извештаи или написи со ефикасна логична структура која му помага на читателот да ги забележи и да ги запомни значајните идеи. Може да пишува куси осврти и резимеа за стручни или литературни дела.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Претходно успешно завршен Ц1 степен[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 48
Пракса 48 48
Оценување 2 4
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support