Опис на програма

Програмата Меншен B1 е да ги запознае и научи учесниците со основни вештини и знаења за ефикасно користење на германскиот јазик во секојдневниот живот и на работното место, како и совладување на:

  • Лексички единици (карактерни особини, работа, живеење, сервис за клиенти, медиуми и техника, покана за јадење, животни, советување, слабости и јаки страни, здравје, спорт, исхрана, дефекти во секојдневието, моменти на среќа во секојдневието, манифестации во фирма и претпријатие, зборови со повеќе значења, јазици, понатамошно и дополнително образование и обука, медиуми, пријавување на огласи за работа, уметност и сликарство, политика и општество, природа и туризам, манифестации, историја, средина и клима, мобилност, патување, прослави).
  • Граматички единици (придавки како именки, н-деклинација, Претеритум-минато време, релативни реченици во датив во препозиции, сврзници, идно време, сврзници за зависна реченица, инфинитив реченици, придавка деклинација со компаратив и суперлатив, конјунктив 2 (можен начин) во сегашно и минато време, предминато време, генитив, придавска деклинација во генитив, сврзници и прилози за последици и причини, препозиции со генитив, партицип од сегашно време и перфект како придавки, дводелни сврзници, изрази со безличен подмет, модални честици, локални и временски препозиции, пасив во сегашно време со модални глаголи, пасив во минато време)
  • Писмена интеракција и продукција преку различни вежби, квизови и тестови

Индивидуални и групни активности

Резултати од програма

[:mk]Совладување на: Слушање: разбирање на главните поенти на јасен стандарден говор за познати нешта со кои редвно се среќаваме на работа, во училиште, во слободно време и сл. Разбирање на главната поента на многу радио и тв програми за тековни настани или за теми од личен или професионален интерес, кога изговорот е релативно бавен и јасен. Читање: разбирање текстови составени главно на често користен секојдневен јазик или јазик поврзан со професијата, како и разбирање на опис на настани, чувства и желби во лични писма. Говорна интеракција: справување со повеќето ситуации кои можат да се појават кога се патува во области каде што се зборува тој јазик. Конверзација на теми што се познати, од личен интерес или од секојдневниот живот (на пример: семејство, хоби, работа, патување и тековни настани). Говорна продукција: Поврзување фрази на едноставен начин за опс на доживувања и настани, соништа, надежи и амбиции. Накусо образложување и објаснување на своите мислења и планови. Раскажување сторија или пренесување на дејството од некоја книга или филм и опишување на својата реакција. Пишување: на едноставен врзан тест на теми што се познати или се од личен интерес. Пишување на лични писма, опишувајќи доживувања и впечатоци.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Лица над 18 год, со завршено мин. средно образование и со завршено А2 ниво по германски јазик.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 36 60
Пракса 22 37
Оценување 2 3
Вкупен број на часови 60
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support