Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за занимањето Гипсер-монтер сува градба и истата е со тромесечно времетраење, односно 350 часа.Таа опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница /кабинет и се во функција на практичната обука која пак се реализира преку практични вежби од областа на работата со гипсени плочи и нивна монтажа,доработкаи завршна обработка во работилница и на терен. Стручно теоретските содржини опфаќаат содржини од мерење и контрола, планирање и организирање на работата, изработка на спецификација и калкулација на цена на чинење на изведбените работи.
Практичната обука овозможува учесникот да се стекне со вештини на читање на техничка документација, избор на алат, прибор и машини, организирање на монтажа на потребнитеконструкции,монтирање, спојување и завршна обработка, активности кои ќе се реализираат преку работа во реални услови.
Во текот на обуката се врши формативно оценување во текот на реализација на содржините од тематските целини и сумативнооценување по завршување на тематската целина.
Позавршувањенапрограматаучесникотполага завршен испит. Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат Гипсер-монтер на сува градба

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да: -ја анализира, планира и организира работата; -ја познава технологијата на работата гипсер – монтер; -обработува плочи и профили, -монтира спуштени тавани и сувомонтажниѕидови; -изведува ѕидни облоги; -врши административно-комерцијални работи поврзани со работата; -го одржува и поправа личниот прибор за работа; -комуницира со соработниците, претпоставените и клиентите; -ги познава основите на претприемништвото и водење на мал бизнис.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование, полнолетен. Психофизички здрав[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 245 70
Оценување 35 10
Вкупен број на часови 350
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support