Опис на програма

Програмата му овозможува на учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на плафони, ѕидови, облоги, сводови, декорации и сл. од гипскартонски плочи како и правилно користење на опремата и алатот на работното место.
Програмата ќе се реализира преку практична и теоретска обука која ќе му овозможи на учесникот да се стекне со сертификат „Гипсер-монтер“.
Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 55 часа теоретска обука, 115 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука во објекти во кои се изведува монтажа на гипс-картонски плочи. За време на практичната обука на учесникот ќе му биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, а после целосна реализација на сите тематски целини се прави споредба на знаењата пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесникот се стекнува со сертификат за работна оспособеност „Гипсер-монтер“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја планира и организира својата работа; • правилно ги подготвува просторот, материјалот,алатот и машините за работа; • обработува плочи и профили; • монтира спуштени тавани; • монтира сувомонтажни ѕидови; • обработува споеви; • изведува облоги; • врши завршна обработка на површините; • комуницира со соработниците; • применува стандарди на квалитет; • применува мерки за заштита при работа и заштита на околината; • монтира и демонтира монтажно скеле следејќи ги прописите за безбедност; • ги пресметува и прибележува количините на употребените материјали.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено најмалку основно образование и да имаат наполнето 18 години. Завршено средно образование ќе се смета за предност при избор на учесниците во обуката.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 55 31
Пракса 115 64
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support