Опис на програма

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 17 години да изведуваат работни задачи за занимањето Гипсер-монтер. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Гипсер-монтер. Програмата е во времетраење од три месеци или 300 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во училниците на универзитетот,  во специјализирани работилници кај работодавачи и на градилишта.

Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката. Практичната обука ќе се реализира во специјализирани работилници за изведување на гипсерско-монтерски работи и на градилишта. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен гипсер-монтер кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности. На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на практична изведба преку завршен испит.

Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност Гипсер-монтер.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешно завршување на програмата ќе се оспособи за изведување на работи и работни задачи за занимањето Гипсер- монтер и ќе биде способен да:
  • Прима, класифицира и складира материјали за работа;
  • Применува прописи и мерки за заштита при работа и заштита на околина;
  • Распознава конструктивни системи и елементи во зградите;
  • Употребува и одржува алат, прибор и електричен алат за сува градба;
  • Обработува гипскартонски плочи и ги подготвува површините за обработка;
  • Подготвува лепаци и смеси за фугирање и глетување;
  • Обложува ѕидови, столбови, греди, тавани со лепење на гипскартонски плочи (суво малтерисување) и со метална подконструкција;
  • Поставува подконструкција и обложува поткровје со гипскартонски плочи;
  • Организира работа во работилница и на градилиште;
  • Чита едноставни изведувачки цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;
  • Изработува едноставни модели и шлаблони;
  • Пресметува потребни количини на материјал за изведба на монтерските работи;
  • Применува стандарди за квалитет и оптимизирање на сопствениот труд и ресурси;
Познава права за работен однос и можности за отварање и водење на сопствен бизнис.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование, навршени 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 27
Пракса 200 66
Оценување 20 7
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support