Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за работа со гипс-картонски елементи. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со различните системи на изведби со гипс картонски плочи како и начините на изведба на тавани и ѕидови. Голем дел од програмата е практична настава преку која учесниците во реални услови ќе ги извршуваат зададените задачи. На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за гипсер-монтер. Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено средно образование. Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 250 училишни часа.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • прима, класифицира и складира материјалите за работа;
  • применува прописите и мерките за заштита при работа;
  • распознава конструктивни системи, елементи во зградите и конструктивни системи;
  • употребува и одржува алат, прибор и електричен алат за сува градба;
  • обработува ГКП и ги подготвува површините за обработка;
  • подготвува лепаци и смеси за фугирање и глетување;
  • обложува ѕидани и бетонски ѕидови и тавани со лепење на гипскартонски плочи (суво малтерисување) и со метална потконст­рук­ција;
  • монтира преградни ѕидови и спуштени тавани со метална потконструкција;
  • поставува подконструкција и обложува подкровје со ГКП;
  • организира работа во работилница и на градилиште;
  • чита едноставни изведувачки цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;
  • изработува едноставни модели и шаблони;
  • пресметува потребни количини на материјал за изведба на монтерските работи.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование). Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 165 66
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support