Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на плафони, ѕидови, сводови, декорации и сл. од гипскартонски плочи како и правилно користење на опремата и алатот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обукa да им овозможи на учесниците да  се стекнат со сертификат „Гипсер-монтер“.

Времетраењето на програмата е 225 часа од кои  65 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел  од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците  во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука во рамките на компанија. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Гипсер-монтер“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • Ја планира и организира својата работа;
  • Правилно ги подготвува просторот, материјалот,алатот и машините за работа;
  • Обработува плочи и профили;
  • Монтира спуштени тавани;
  • Монтира сувомонтажни ѕидови;
  • Обработува споеви;
  • Изведува облоги;
  • Врши завршна обработка на површините;
  • Комуницира со соработниците;
  • Применува стандарди на квалитет;
  • Применува мерки за заштита при работа и заштита на околината;
  • Монтира и демонтира монтажно скеле следејќи ги прописите за безбедност;
  • Ги пресметува и прибележува количините на  употребените материјали.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и  да се постари од 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65 29
Пракса 150 67
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 225
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support