Опис на програма

Програмата содржи вкупно 200 часа од кои 60 теорија 127 пракса и 13 часа проверка на стекнатите знаења. Теоријата и писмените провиерки на знаења ќе се реализираат во РУ „Јоска Свештарот“ Струмица, додека практичниот дел ќе се спроведува во угостителски објекти, со кои РУ склучува договор за соработка. (Хотел „Илинден“, Ресторан „Ловен Дом“ и Гостилница „Илинден“)

Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 17 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со афинитети кон кулинарството. Бројот на една група кандидати, зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.

Целите на програмата се кандидатите да стекнат знаења и вештини од областа на кулинарството: запознавање со опремата во кујната, нејзино одржување и намена, одржување лична и хигиена на кујната и начини и методи на дезинфекција, препознавање на најчестите видови месо користени во угостителските објекти во Македонија, нивна класификација, подготовка и примена во готварството; познавање на најчесто употребуваните зачини, нивната намена и користење во готварството; познавање од најчестите растителни производи, нивно значење за здравата човечка исхрана, нивна подготовка и примена во кулинарството; познавање на начинот на составување на листи на јадења и менија во угостителските објекти; основни знаења од главните нормативни акти и неопходната стручна терминологија; разликување на најчесто служените риби, познавање на начините за нивно приготвување, употреба на најчесто користените рибни производи; подготвување на најчесто служените ладни и топли предјадења и главни јадења, сосови, супи, чорби и потажи; приготвување на најчесто служените десерти.

Програмата ќе биде организирана во 8 модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен финален испит (тест и демонстрација) пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат. На крајот од програмата учесниците ќе бидат способни да ја користат и одржуват опремата во кујната, да вршат лична хигиена и хигиена на работното место, да препознаваат најчести видови меса користени во угостителските објекти во Македонија, да го познаваат нивниот квалитет, да умеат да ги приготват; да ги познаваат најчесто користените зачини во угостителските објекти и да ги применуваат во кулинарството, да ги познаваат најчестите растителни производи, нивното значење за здравата човечка исхрана, нивна подготовка и примена во кулинарството; да го знаат начинот на составување на листи на јадења и менија во угостителските објекти; да ги познаваат главните нормативни акти и неопходната стручна терминологија; да ги разликуваат најчесто служените риби, да ги познаваат начините на нивно приготвување, да ги познаваат најчесто користените рибни производи; да ги приготвуваат најчесто служените ладни и топли предјадења и главни јадења, сосови, супи, чорби и потажи;

Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, дискусии во групи, набљудување, истражување/откривање, учење насочено кон решавање проблеми, практична настава во угостителски објект. Дел од наставата и содржината на програмата ќе бидат ставени на портал за електронско учење (elektronskoucenje.mk). Програмата ќе биде реализирана од ВКВ готвач.

Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници кои ќе бидат сместени и онлајн, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите. За целите на евалуацијата ќе биде ангажирана канцеларија/агенција со искуство во изготвување на алатки за внатрешна евалуација

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката за готвач во угостителски објекти кандидатите треба да бидат оспособени да:
  1. планираат, подготвуваат и изведуваат работи во кујните на угостителските објекти;
  2. вршат проверка на квалитетот на извршената работа;
  3. објаснуваат видови кујни и кујнски одделенија;
  4. класифицираат персонал по кујнските одделенија;
  5. разликуваат крупен и ситен инвентар во кујната;
  6. применуваат готварска терминологија;
  7. разликуваат видови меса и нивните составни делови;
  8. транжираат видови меса;
  9. разликуваат видови зачини;
  10. составуваат листи на ладења и мени карти;
  11. применуваат во практика подготовка на салати од: свеж, варен и конзервиран зеленчук;
  12. применуваат разни видови производни процеси за подготовка на варива и гарнири од варен, пржен, динстан и пасиран зеленчук;
  13. приготвуваат бистри супи, чорби и потажи;
  14. применува техники при подготовка на топлите предјадења од јајца, тесто и зеленчук;
  15. применуваат во практика подготвување на поедноставни ладни предјадења;
  16. користат техники и процеси за приготвување ладни и топли сосови;
  17. применуваат во практика термичка обработка на риби;
  18. користат различни техники и процеси за приготвување на готвени јадења од мелено, говедско, телешко, свинско, овчко, јагнешко и пилешко месо;
  19. користат техники и процеси за печење на говедско, телешко, прасечко, свинско, овчко, јагнешко и пилешко месо;
  20. приготвуваат разни видови национални јадења;
  21. приготвуваат материјал за приготвување меса печени на скара
  22. користат различни техники и процеси за приготвување меса печени на скара;
  23. познаваат гастрономски трендови во кулинарството;
  24. применуваат прописи за заштита при работа, заштита на животната средина и ХАЦЦП стандарди;
развиваат одговорност при работата и интерес за доживотно учење.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците треба:
  • да имаат завршено основно образование
  • да бидат државјани на Р. Македонија
  • да не бидат помлади од 17 години
  • да се невработени
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 127 64
Оценување 13 6
Вкупен број на часови 200
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support