Опис на програма

Главна цел на програмата е да се изврши преквалификација на кадар. Имено преку соодветна обука  учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники за приготвување храна во угостителските објекти, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Готвач “.

Времетраењето на програмата е 360 часа од кои 72 часа теоретска обука, 252 часа се практична обука во реални работни услови и 36 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува во текот на целата недела. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Готвач“.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителско послужување (Напреден курс и Специјализиран курс).

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да го направи следното:
  • ја организира својата работа  ;
  • комуницира со соработниците,применувајќи ги принципите на работна култура ;
  • ги почитува мерките за рационално користење струја, плин , материјал и време;
  • применува прописи за добра производна и добра хигиенска пракса (НАССР);
  • применува прописи за заштита при работа;
  • применува прописи за квалитет на влезните суровини и начин на одржување на истите;
  • разликува технолошки постапки за приготвување на одделни видови готварски производи;
  • приготвува : ладни и топли предјањења,супи ,јадења од месо, риби,прилози и салати;
  • применува режим на чување, складирање, ладење и пакување  на готовите производи;
  • ги сервира,декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови;
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот да има завршено најмалку основно образование Возраст над 15 години,  и да ги поседува  следните особини: - психофички здрав, - да има наод од  брис  со  дозвола за  работа во угостителски објект.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 72 20
Пракса 252 70
Оценување 36 10
Вкупен број на часови 260
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support