Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со  тримесечно времетраење, 320 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во кујни во ресторани и хотели. По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  ја  подготвува и организира работата, да комуницира со соработниците, да ја користи пропишаната работна облека, да ги составува листата на јадења и менијата за редовните и вонредните оброци, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови и фондови, јадења од месо, риби, прилози, национални јадења, салати, да сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. За успешно завршување учесникот се стекнува со сертификат по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи Готвач во угостителски објект, ќе комуницира со соработниците, ќе составува листата на јадења и менија за редовни и вонредни оброци, ќе приготвува различни видови ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови и фондови, јадења од месо, риби со прилози ,национални јадења, салати, ќе  сервира, декорира и ќе ги испорачува јадењата во соодветни садови, ќе ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, ќе работи во согласност со нормативите и ќе гарантира за квалитетот на работата и услугите, прописите за заштита на работа, да ги познава правата од работен однос.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 15 годишна возраст. Санитарна книшка[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 224 70
Оценување 32 10
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support