Опис на програма

Програмата “Готвач гастроном – основно ниво” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку  следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти ипрактична работа- вежби.

Структурата на програмата за “Готвач во угостителски објект” е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична работа и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
  1. Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори или готвачи со повеќегодишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за готвач во угостителски објект е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Готвач гастроном- основно ниво.

Времетраењето на програмата е 4 месеци или 16 недели или 180 часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

Резултати од програма

[:mk]Познава средства за заштита при работа Применува основни хигиенско – технички мерки при работа во кујна Организира работен простор Специфицира прибор, алат и апарати кои се употребуваат во кујна Чита, толкува и прилагодува рецептури за подготвување јадења во кујна Подготувава суровини, намирници, полупроизвод и производ за подготвување јадења во кујна Врши подготвување на јадења во кујна следејќи и одржувајќи квалитет на јадењата Подготвува ладни предјадења Подготвува супи Подготвува топли предјадења Подготвува јадења од риби Подготвува готвени јадења Подготвува јадења по порачка Подготвува салати Подготвува печења Подготвува основни десерти[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]
  • Завршено минимум основно образование со навршени 15 години
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 16
Пракса 125 70
Оценување 25 14
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support