Опис на програма

Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за готвач во угостителски објект. Во програмата ќе бидат опфатени сите техники на готвење. Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со  тримесечно времетраење, 250 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои ќе се реализираат во училница и практичната обука која пак, се изведува во кујни во ресторани или хотели. По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја  подготвува и ја организира својата работа, да составува листа на јадења и менијата за редовните оброци и да приготвува прехранбени продукти на различните видови готварски производи, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, да ги сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис. На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за готвач.

 

 

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката за готвач учесникот ќе биде оспособени да:  
  • самостојно и во тим планира и организира работа и работни активности,
  • стекнува и развива работни навики и работна дисциплина,
  • рационално користи средства за работа, материјали и време,
  • комуницира со соработниците,
  • објаснува видови кујни,
  • применува готварска терминологија,
  • подготвува работно место,
  • составува листа на јадења и менија,
  • приготвува различни видови ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи,
  • приготвува јадења(готени и печени) од мелено, говедско, телешко, свинско, јагнешко и пилешко месо со прилози,
  • приготвува риба,
  • приготвува национални јадења,
  • приготвува и декорира салати, прилози од свеж, варен и конзервиран зеленчук,
  • познава правата од работен однос,
  • врши проверка на квалитетот на извршената работа,
  • познава и применува гастрономски трендови во кулинарството,
применува прописи за заштита при работа и заштита на животна средина[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците  да бидат постари од 17 години, Минимум основно образование, Уреден наод од брис (нос и грло)[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 42 18
Пракса 170 70
Оценување 28 12
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support