Опис на програма

Целта на програмата е учесниците да стекнат со знаења, вештини и компетенции за изведување на разни ѕидарски работи.  Теоретскиот дел на програмата ќе се реализира во просториите на Приватната образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип, а практичната обука ќе се реализира на соодветни градежни  објекти. Времетраењето на програмата  изнесува 200 наставни часови, од кои 50 часа теоретска настава, 140 часа практична обука и 10 часа оценување. Доколку неделно  се оддржуваат по 20 часа, програмата треба да се заврши за два и пол месци. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата. Оваа програма е наменета за работно способни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 18 години кои сакаат да се појават или се веќе на пазарот на трудот со афинитети кон ѕидарството. Бројот на кандидати во една група  не треба да изнесува повеќе од 12 учесници. Обуката можат да ја следат повеќе групи, имајќи предвид дека програмата може да се реализира во повеќе работни смени во текот на денот.

Преку програмата за работа за градежен работник – sидар учесникот ќе биде оспособен да ги препознава и користи материјалите за припрема на малтерите, начини на нивното приготвување, да го користи алатот и ѕидарските керамички производи (тули и камен), начин на изведување на ѕидарските работи, малтерисување и изведување на изолациони ѕидови на разни објекти. Исто така оваа програма ќе овозможи учесникот да ги познава разните видови на ѕидови во високоградба, нискоградба и хидроградба, личните заштитни средства, нивната примена и важност. Учесникот ќе ги развива и т.н. бројчани вештини – користење на метар за мерење, конец за обележување на ѕидови, размери и проценти за припремање на малтерот, пресметување на површини на малтерисувањето и пресметување волумен на ѕидаријата.  Исто така учесникот преку оваа програма ќе научи самостојно да ѕида, бетонира, армира и изведува тесарски работи.

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
  • ја организира својата работа;
  • ги препознава и користи материјалите за подготвување малтери за ѕидање,
  • ѕида ѕидови;
  • малтерисува ѕидови и плафони;
  • врши разни ѕидарски работи;
  • соѕида ѕид според проект од материјал според описот или работниот налог;
  • изработува хоризонтална и вертикална изолација;
  • ги познава и користи средствата за лична заштита;
  • монтира и демонтира скеле следејки ги прописите за безбедност;
  • ги вади и евидентира количините на употребените материјали при ѕидањето; и
работи согласно прописите за заштита на здравјето и околината.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Оваа програма е наменета за лица кои имаат завршен најмалку основно образование и да има наполнето 18 (17) години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 25 25
Пракса 70 70
Оценување 5 5
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support