Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во градинарско производство на отворено и во заштитени простори, производство на расад, примена на стандарди и контрола на производството, правилна евиденција на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „Градинар“.

 

Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 62 часа теоретска обука, 108 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука на земјоделски фарми. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Градинар“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја планира, подготвува, изведува и контролира сопствената работа;
  • рационално ја користи струјата, материјалите и времето;
  • го штити здравјето и околината;
  • комуницира со соработниците, стручните служби и со странките;
  • продава и врши наплата на производите;
  • ја подготвува почвата за сеидба и садење на градинарски култури;
  • одгледува и негува садници/расад;
  • директно сади и сее градинарски култури;
  • ги негува културите односно насадите на градинарските култури;
  • врши заштита на садниците, културите и насадите на градинарските култури;
  • врши редење и складирање на градинарските производи.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 34 34
Пракса 60 60
Оценување 6 6
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support