Опис на програма

Програмата за работно оспособување за самостојно извршување на работи и работни задачи Декоративен маникир/педикир опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/кабинет, и истите се во функција на практичната обука која се реализира во салон. Програмата е со тримесечно времетраење, односно 270 часа.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојно планирање и организирање на работатаи работните задачи, да работи во тим за изведување на различни техники на маникир-педикир, обликување на нокти на раце и нозе, декорација и разни техники на надградба на нокти, нега на стапала, нега на нокти на нозете, да користи професионални апарати и препарати, да применува хигиенотехнички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, да комуницира со клиенти и деловни партнери и води контрола на извршените услуги, да познава првата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит, со што се стекнува со сертификат за Декоративен Маникир/Педикир по верифицирана програма и може да напредува на повисоко ниво во занаетот.Програмата дава можност за натамошно вертикално напредување во занимањето.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со стручни компетенции: -планира и организира работата и работни задачи;. -применува професионален однос и комуникација со клиенти, претпоставени, соработници; -подготвува клиенти за предвидениот третман и постапка; -изведува класичен маникир, педикир, декоративен маникир, надградби, декорација на нокти; -изведува нега на раце и стапала; -користи професионални козметички препарати и апарати и се грижи за квалитет на услугите; -води деловна администрација и документација и комуникација, -применува права од работен однос и основите за отварање и водење на мал бизнис[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 15 годишна возраст[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 81 30
Пракса 162 60
Оценување 27 10
Вкупен број на часови 270
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support