Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во декоративниот маникир и педикир, како и правилно користење на средства за работа, опремата, препарати и инвентар.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за декоративен маникир и педикир.

Времетраењето на програмата е 100 часа од кои 20 часа се стручна теорија, 73 часа се практична обука во реални работни услови и 7 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - организира прием на клиентот во салонот, - идентификува средства за нега на кожата и нокти на раце и нозе, - разликува методи за одредување на статусот на кожата на раце, нозе и нокти, - индентификува и правилно користи приборот и средствата за работа, - избира средства и препарат за третман на природни нокти, - изведува техника на француски маникир - применува во практика акрил и гел техника - изработува лиени нокти - креира и декорира нокти - развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење. - применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 73 73
Оценување 7 7
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support