Опис на програма

Програмата Декоративен маникир се состои од 5 тематски целини, а проверката на постигнувањето на целите ги опфаќа сите цели од тематските целини. Целокупната обука трае 125 часа или 1,5 месеци.

Програмата овозможува учесниците да се стекнат со вештини и компетенции со кои можат да вршат декорација и надградба на нокти.
Целта на програмата е стекнување на вештини за самостојно изведување на декоративен маникир. Врз основа на оваа цел обуката се организира согласно целите дефинирани по тематските целини, кои се ориентирани кон стекнување на практични вештини и знаења. Освен тематските целини програмата ги содржи формите (фронтално, групно, и индивидуална) и методите (предавање, дискусија во групи,, учење насочено кон решавање на проблеми. Методите кои ќе се користат во текот на обуката се практична настава во козметички салони која ќе се реализира како обука на работно место во козметички салон и теоретска настава која ќе се одвива во просториите на комората.
По завршената обука следи завршен испит кој се состои од практичен дел и стручно теоретски дел. Практичниот дел се состои од изработка на практична задача. Стручно теоретскиот дел се состои од тест со прашања.
По завршувањето на програмата учесникот ќе добие Сертификат за Декоративен маникир и може да напредува хоризонтално преку обуки, семинари, советувања и вертикално во согласност со Законот за стручно образование и обука.
Декоративен маникир е препознатлив на пазарот на труд бидејќи е побаруван и постои можност за вработување

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да: - Одржува лична хигиена, хигиена на просторот и алатот и опремата - Подготвува и комуницира со клиенти - Применува третмани за нега на раце и нокти - Применува техники на декорација на природен и надграден нокт - Применува основните техники на нанесување на гел, акрил, гел лак, и сл. - Применува техники за обликување на нокти - Одржува и отстранува наградба на нокт - Изработува француски маникир, нокт во една боја, форма коцка, форма бадем. - Декорира нокти, со техники на цртање како и други техники. - Изведува завршни работи во декорацијата на нокти[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците во програмата нема потреба да поседуваат претходни знаења и вештини. Треба да имаат најмалку основно образование и да се постари од 15 години, но можат во оваа програма да се вклучат кандидати со завршено средно и високо образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 38 30
Пракса 75 60
Оценување 12 10
Вкупен број на часови 125
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support