Опис на програма

Програмата има за цел да го оспособи учесникот за самостојно извршување на работи и работни задачи декоративен маникир  во салон за декоративен маникир или да се самовработи отварајќи сопствен бизнис. Програмата опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/ кабинет, и   практична обука која се реализира во салон. Програмата е со тримесечно времетраење, односно  210 часа.

По успешното завршување на програмата учесникот  ќе   се оспособи за самостојна работа со различни техники  за нега раце, масажа на дланки, нега на нокти  на раце, декорација и надградба на нокти, да користи професионални апарати и козметички средства и препарати. Учесникот ќе се оспособи да применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизациja на апаратите и препратите, одговорно да ги употребува  апаратите, опремата и инструментите за работа.Учесникот ќе ги познава правата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис, за деловна усна и писмена комуникација и за тимска работа.

По завршувањето на програмата кандидатот полага завршен испит со што се стекнува со Сертификат за работна оспособеност за декоративен Маникир по верифицирана програма.

Програмата дава можност натамошно вертикално напредување во повисоко  ниво од занимањето.

 

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - применува хигиено технички мерки за лична и заштита на работната средина, - применува професионална комуникација со клиентите и соработниците - изведува подготвителни активности за третман - изведува нега и третман на дланки, - применува обликување и декорација на нокти на раце, - изведува надградба на нокти, - применува разни техники на маникир, - применува професионални препарати и апаратите за наведени третмани, - применува одржување на апаратите и приборот со кој работи,[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 42 20
Пракса 148 70
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 210

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support