Опис на програма

Програмата “Декоративен маникир” е насочена кон работно оспособување на учесниците од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот,  применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност, подготвува работно место и клиент за третман, изведува надградба и декорација на ноктите на рацете,  спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Декоративен маникир” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на учесниците со завршен испит. Во реализација на програмата учествуваат стручни лица, Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира обучувач со завршено високо образование,  VII/1 степен, со завршени студии по медицина одсек дерматологија, a за практичниот дел, сертифицирано лице со работно искуство во декоративен Маникир. Програмата ќе се реализира во специјализирана предавална со потребна опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства и салони за козметика.
Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат по програма за “Декоративен маникир”
Времетраењето на програмата е 123 часа.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Наполнети 17 години Минимум основно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 28
No instructions found !
Пракса 95
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 123
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support