Опис на програма

Програмата за Депилација на лице и тело – основен курс се состои од стручно-теоретска настава и практична обука. Стручно-теоретската настава се реализира во училница-кабинет ( опремен според правилнкот за стандардите за просторот и опрема.) , а практичната обука во козметички салон. Стручно-теоретските содржини ги реализира лекар со завршени медицински студии, а практичниот дел козметичар со искуство од оваа област и положен мајсторски испит.

При реализација на обуката се користат современи форми и методи, преку презентација, дискусии, и практични изведби со што кандидатите со успех ќе можат ефикасно да се оспособат за занимањето.

Основната цел на програмата е учесникот во програмата самостојно да извршува, подготвува и организира работи и работни задачи во козметички салон, рационално да употребува материјали и опрема , да комуницира со корисниците на услугите, да го подготвува клиентот и самостојно да ги извршува третманите за депилација на лице и тело.

Да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги, да ги применува мерките за заштита на здравјето на клиентите.

По завршувањето на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат.

Оценувањето се врши преку усна и писмена проверка и проверка на практична изведба.

Програмата е со времетраење од 130 часови или двомесечно времетраење.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со следните стручни компетенции:
  • Подготвува, организира и изведува работни задачи во работната средина.
  • Подготвува и идентификува соодветен алат, прибор и материјал за работа.
  • Спроведува дезинфекција и стерилизација на работната средина и алатот за работа.
  • Рационално ги употребува материјалите, опремата и времето.
  • Познава анатомија на кожата и анатомска градба на влакната.
  • Идентификува состојба на кожа на местото на депилација.
  • Распознава техники на депилација (ладна и топла).
  • Прима и подготовува клиент.
  • Дава совети според состојбата на кожата и влакното.
  • Депилира со топол и ладен восок лице и тело.
  • Гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив.
  • Користи соодветни информациско-комуникациски средства.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Критериум за влез во програмата е учесниците да имаат завршено основно образование и да се над 15 годишна возраст. Пожелно е да имаат завршено било кое средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 15
Пракса 97 75
Оценување 13 10
Вкупен број на часови 130
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support