Опис на програма

Програмата има за цел да овозможи на учесниците да се стекнат со знаења и вештини, односно компетенции од областа на дигиталниот маркетинг.

Со реализирање на Програмата учесниците ќе имаат компетенции да:

– подготвуваат околина за развивање на маркетинг стратегија (собираат потребни материјали и ресурси, отвораат сметки на различни платформи и софтверски алатки);

– креираат предлог за изгледот на веб страната според последни трендови на пазарот, со цел привлекување на потенцијални клиенти;

– прибираат лидови или потенцијални потрошувачи преку различни маркетинг методи;

– манипулираат со оптимизацијата на веб страните (on site и off site) со цел да го подигнат рејтингот на веб страните на пребарувачите како што се Google, Bing, Yahoo;

– водат веб аналитика односно статистика на веб страна и прибираат резултати и извештаи од истата;

– прибираат емаил адреси и креираат кампањи на платформите за овој тип на маркетинг, односно емаил маркетинг кампањи;

– дефинираат начин за креирање и одржување на кампањи за рекламирање на социјалните медиуми, како што се Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn;

– креираат и поставуваат платени реклами на пребарувачите и социјалните медиуми и

– користат блог и блог постови со цел да се дојде до поголема маса на потенцијални клиенти.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование Решавање на тест со кој ќе се потврди основно познавање за работа на компјутер и користење на интернет. [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 35
No instructions found !
Пракса 65
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support