Опис на програма

Програмата Дизајнер на ентериер ќе му овозможи на учесникот да проектира внатрешна архитектура преку интегрираност во конкретни проекти.

Програмата вклучува    теоретска и практична настава која ќе се реализира низ седум модули и тоа: 1. Основи на проектирање, 2. Ентериер-Студио 1, 3. Ентериер-Студио 2, 4. Ентериер-Студио 3, 5. Ентериер-Студио 4, 6. Современи ентериери и 7. Компјутерска визуелизација. Времетраењето на програмата е 157 часа од кои 29 часа теоретска обука, 108 часа се практична обука и обука во реални работни услови и 20 часа за оценување.

После целосна реализација на сите модули проверката на знаење ќе се спроведе преку завршен испит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот од обуката учесниците се стекнуваат со Сертификат за работна оспособеност Дизајнер на ентериер.

Резултати од програма

[:mk]Образовните резултати кои ќе ги постигнат учесниците по завршувањето на оваа програма се во корелација со способноста да осмислат, изготват и менаџираат проект за ентериер; и ќе умеат да уредат различен тип на внатрешни простори: индувидуални домувања (станови и куќи) и деловни простори (комерцијални фирми, приватни корпорации, мали и средни претпријатија; хотели, ресторани, кафе барови и друго), јавни и национални институции, како и да проектираат уникатни парчиња мебел.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Со секој кандидат за упис на оваа програма, на почетокот се прави интервју со цел да се утврди неговата мотивација и способност за следење на оваа програма. На овој разговор, кандидатот ја претставува неговата засегнатост и очекувања, а институцијата за образование на возрасни се запознава со неговите можни претходни искуства од областа дизајн на ентериер или други креативни и сродни области[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 29 18
Пракса 108 69
Оценување 20 13
Вкупен број на часови 158
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support