Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за инсталирање и одржување на електрични инсталации.

 

Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 30 часа теоретска обука, 105 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во училници и кабинети  со потребна современа опрема за изведување на настава. Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на  обуката.

 

Учесникот со програмата ќе се оспособи да  планира, организира и извршува работни задачи, рационално да ги користи опремата и времето, да комуницира со претпоставените и корисниците на услуги, да ги применува технички мерки за заштита од струен удар; чита и користи техничка документација; да води и издава потребна документација за изведените работи, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ја одржува и зголемува компетентноста во својата област и да ги познава правата од работен однос.

 

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат ЕЛЕКТРИЧАР ЗА ИНСТАЛАЦИИ ВО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ИНДУСТРИСКИ KАПАЦИТЕТИ

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи за занимањето   Електричар за инсталации во станбени објекти и индустриски капацитети и ќе се оспособи да  планира, организира и извршува работни задачи, рационално да ги користи опремата и времето, да комуницира со претпоставените и корисниците на услуги, да ги применува технички мерки за заштита од струен удар; чита и користи техничка документација; да води и издава потребна документација за изведените работи, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ја одржува и зголемува компетентноста во својата област и да ги познава правата од работен однос.   По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „ЕЛЕКТРИЧАР ЗА ИНСТАЛАЦИИ ВО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ИНДУСТРИСКИ KАПАЦИТЕТИ“.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование и над 18 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 20
Пракса 105 70
Оценување 15 10
Вкупен број на часови 150
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support