Опис на програма

Основна цел на програмата за електроинсталатер и монтер на станбени објекти   е стекнување на вештини за инсталирање на водови и електрични мрежи во станбени згради и производни погони.
Програмата е практично ориентирана преку практичната обука и теоретската настава и истата води кон стекнување на сертификат за електроинсталатер и монтер на станбени објекти. Програмскиот документ содржи 7тематски целини кои се целно орентирани.
Практичната обука ја реализира мајстор- електроинсталатер и монтер на станбени објекти   , теоретскиот дел го реализира наставен кадар согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование.
Обуката се спроведува во кабинет, терен (стамбени згради и погони) во траење од 6 (шест ) месеци или 80 часа месечно или вкупно 480 часа.Обуката  се организира пет дена по 4 часа или вкупно  20 часа неделно. Практичната обуката   е индивидуална, додека теоретската настава повремено може да е фронтална, индивидуална, или групна во зависност од поставените цели на тематските целини. Вреднување на резултатите на постигањата на учесницит е перманентно и тоа усно,писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио.По завршување на обуката се спроведува завршен испит преку практична работа и усна проверка.Заклучната оценка на учесниците се изведе врз основа на портфолиото по секоја тематска целина како и од завршниот испит.Секој учесник кој го положил завршниот испит добива сертификат  за електроинсталатер и монтер на станбени објекти     во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини,компетенции и знаења.За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 120  минути  и е во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел  влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката кандидатот е оспособен за да:
  • организира работно место и складира материјали опасни за животната средина;
  • чита техничко-технолошка документација;
  • користи рачен и машински алат при обработка на материјали;
  • ракува правилно со неизолирани и изолирани спроводници;
  • анализира електрични шеми;
  • мери со мерни инструменти;
  • применува електротехнички прописи, МКС стандарди и заштитни мерки при работата;
  • црта и чита електрични шеми користејки електротехнички графички симболи;
  • користи инсталациони изолирани спроводници и кабли во согласност со барањата на техничката документација;
  • селектира материјал и инсталационен прибор потребен за реализација на зададена задача;
  • воспоставува и поврзува електричната инсталација за осветлување и напојување по зададени електрични шеми;
  • разликува светлосни големини и нивни соодветни единици;
  • учествува при мерења на светлосни големини;
  • инсталира електрични извори на светлина и светила согласно барањата и потребите на просторот за осветлување;
  • согледува заштеда на електрична енергија со користење на енергетски ефикасни светилки;
  • црта и чита електрични шеми користејки електротехнички графички симболи;
  • користи инсталациони изолирани спроводници и кабли во согласност со барањата на техничката документација;
  • селектира материјал и инсталационен прибор потребен за реализација на зададена задача;
  • воспоставува и поврзува електричната инсталација за осветлување и напојување по зададени електрични шеми;
  • учествувавво мерења на светлосни големини и нивни соодветни единици;
  • инсталира електрични извори на светлина и светила согласно барањата и потребите на просторот за осветлување;
  • штеди електрична енергија со користење на енергетски ефикасни светилки;
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Влезот во програмата е слободен, кандидатите може да имаат средно-стручно образование , Работењето на електроинсталатерот и монтерот на станбени објеки е теренска работа и е потребно кандидатите да се отпорни на временските услови и да работат на висина.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 17
Пракса 360 75
Оценување 40 8
Вкупен број на часови 480
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support