Опис на програма

 

Програмата  се организира и реализира во училниците и работилниците  на училиштето. При разработката  на стручната теорија ќе се води сметка за индивидуалните можности и способности на кандидатите. Стручната теорија ќе се реализира  преку активни методи. Училницата е опремена со табла, видео бим потребните наставни нагледни материјали за демонстрација.

Вештините потребни за занимањето  практично се вежбаат преку планирани вежби во училишната работилница. Вежбите за практична обука се осмислени така  што се последователен след, условеност и корелација со сознанијата кои кандидатите ќе ги стекнат од стручната теорија. Секој  кандидат има свое работно место. Групата која се обучува не треба да биде поголема од 15 кандидати. Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции.  При реализацијата на практичната обука ќе се користи четиричекорен метод:  демонстрација, планирање на редоследот на постапката, потребен алат и прибор, изведување – реализација и анализа и  оценување на постигањата..

По завршувањето на планираната теоретска и практична програма во училиштето за кандидатите се организира практична работа во реални услови во компании со програма утврдена со наставниот план. Заштита при работа се обезбедува како на просторот, така и лична и колективна заштита на учесниците на програмата.

Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 70% од часовите на модуларната единица.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит, со што учесникот кој со успех ќе го положи испитот се стекнува со сертификат за  eлектроинсталатер и монтер на станбени објекти, по верификувана програма.

Резултати од програма

[:mk]  Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи да: Работи со рачен алат за монтажа на инсталациони елементи на различни начини - во зависност од технолошките барања и работните услови отстранува дефекти и да одржува електрична инсталација на станбен објект, користи елементи за  калкулација на куќна електрична инсталација, Применува соодветни заштитни мерки при работа[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Учесникот да има завршено основно образование, да биде со над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 23
Пракса 230 67
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 340
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support