Опис на програма

Цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за изведување на процесите и техниките на електролачно заварување, запознавање со опремата за електролачно заварување.

 

Времетраењето на програмата  изнесува 340 наставни часови, од кои 68 часа теоретска настава, 238 часа практична обука и 34 часа оценување. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата. Оваа програма е наменета за работно способни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 18 години кои сакаат да се појават или се веќе на пазарот на трудот со афинитети кон заварувањето. Бројот на кандидати во една група  не треба да изнесува повеќе од 10 учесници.

 

Начин на работа: – теоретска настава:

  • запознавање со процесот на електролачно заварување,
  • практична настава: практично заварување користејки ја методата на електролачно заварување
  • испитување:испитување и оценување на теоретското и практично стекнато знаење од учеството во програмата.

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
  • планира и организира работа, самостојно и во тим;
  • подготвува работно место, алат, машини и мерни инструменти;
  • врши заварувачки и репарирачки работи со рачно електролачно и пламенско заварување;
  • обезбезбедува резервни делови и потрошни материјали во зависност од процесот на работа;
  • обработува работни налози и техничка документација која е потребна за редовно извршување на работните задачи;
  • користи стручна литература и упатства за квалитетно извршување на работата;
  • проверува, прилагодува и одржува опрема, машини, уреди и средства што се користат во работата;
  • применува мерки за лична заштита;
  • применува мерки за заштита на околината.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Оваа програма е наменета за лица кои имаат завршено најмалку основно образование и да има наполнето 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 68 20
Пракса 238 70
Оценување 34 10
Вкупен број на часови 340
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support