Опис на програма

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).

Програмата за Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување) е во времетрање од 3 месеци.

Програмата се состои од 170 часови, се реализира преку теоретски дел од 34 часови, практичен дел 123 часови  и 13 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, апаратите и уредите за рачно електролачно и пламенско заварување, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата, апаратите и уредите за заварување.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења од ракување со опремата, апаратите и уредите за рачно електролачно и пламенско заварување во уреден работилнички простор за таа цел.

Програма ја спроведува тим на искусни инжинери од дадената област на заварувањето и квалификувани заварувачи со минимум пет години работно искуство со соодветен атест за бараната постапка за Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).

По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).

Резултати од програма

По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, квалификации, вештини и ќе биде способен да: - го планира, подготвува работниот простор, предметот за работа и средствата за работа  при постапките за заварување во согласност со работниот налог, - ја планира, организира и ја насочува работата според инструкциите и барањата на изготвената и одобрена технолошка документација, - ги изведува работите и работните активности во технолошкиот процес по фази на постапките од заварувањето, - користи мерни и контролни инструменти, - го дефинира поимот заварување и да ја знае поделбата на различните постапки за заварување, - препознава практична употреба и начин на работа со опремата, апаратите и уредите за заварување како и составните делови и карактеристики на истите, - го планира, подготвува, извршува и проверува квалитетот на заварувачките работи, рационалното користење на средствата за работа, енергијата, материјалите и времето, - ги препознава и чита од техничките цртежи и технолошката документација, - поседува основна информатичка писменост, - ја познава организационата структура на заварувачките елементарни единици во составот на работните процеси, - ги знае основите на  електротехниката, основите на металургијата на заварување, начините на заварување, - ги знае основните начини на режење и механичката обработка на материјалите, ги знае основните, дополнителните и помошните материјали за заварување, - заварува според пропишаната постапка за заварување (ги почитува параметрите за заварувањето, редењето на производите од заварувањето, распоредот на заварувањето), - заварување во постапката со електролачно заварување (со обложена електрода), - заварува со постапката на електролачно заварување во заштитната атмосфера, - заварува со постапката на пламенско заварување, - ги подготвува и врши проверка на исправноста на машините, опремата, апаратите и уредите за заварување и алатите за работа, - заварува различни технолошки и изведбени постапки според проектот, инструкциите и упатствата за работа со машините, опремата, апаратите и уредите за заварување и алатите за работа, - ги знае основните параметри на заварувањето (јачината на заварувањето, заварувачкиот напон, брзината на заварувањето, протокот на гасот …), - ги познава постапките за евидентирање и документирање податоците потребни за опремата, машините, апаратите и уредите за  заварување, работни налози, извештаи,  пријава за дефект, евиденција на добиени и потрошени средства, - ги евидентира податоците потребни за машините и опремата, евидентира прегледи на машините и уредите, - ги одржува машините, опремата, апаратите и уредите за заварување и алатите за работа во исправна состојба, - следи упатства за сервисирање и ги почитува термините според упатството, - комуницира со клиентите на професионално ниво, - комуницира со колегите кои работат со останатите машини во заедничката група, - применува деловна култура и основи на работната етика и морал, - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите, - применува постапки за укажување прва помош, - ги применува прописите за заштита на работната и животната средина и усогласување со нив, - ги применува процедурите за ракување, складирање и отстранување на загадувачите на работната и животната средина, - ги презема мерките за заштита од влијанието на опасните гасови, отрови, пари и високозапаливите супстанции.  

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку средно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 34 20
Пракса 123 72
Оценување 13 8
Вкупен број на часови 86400
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support