Опис на програма

Заеднички модули (теорија+пракса):

  1. Принципи за заштита на растенијата (12 часа + 12 часа) = 24 часа
  2. Методи на интегрирана заштита на растенијата (18 часа + 6 часа) = 24 часа
  3. Здравје, безбедност и заштита при работа и заштита на

    животна средина                                                                                                      (12 часа + 6 часа) = 18 часа

  1. Легислативa и Добра земјоделска пракса                   (6 часа + 6 часа) = 12 часа
  2. Теренска работа                   (пракса 42 часа) = 42часа

 

* Технички модули:

  1. Заштита на поледелски култури                            (18 часа + 12 часа)
  2. Заштита на градинарски култури            (18 часа + 12 часа)
  3. Заштита на виновата лоза                             (18 часа + 12 часа)
  4. Заштита на овошки (овошни култури)                                      (18 часа + 12 часа)

 

Вкупно теоретски часови, практични часови и оценување (120 часа + 120 часа + 15 часа) =  255 часа

 

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со знаење од областа на заштита на растенијата и стекнување на сертификат ЗАШТИТАР НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ КУЛТУРИ.

Времетраењето на програмата е 255 часа од кои 120 часа теоретска обука  120 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа за оценување. Покрај заедничките модули, секој учесник во обуката мора да избере најмалку еден технички модул. Теоретскиоти и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската и практична обука ќе се врши во предавални, а теренската практична обука на посебни земјоделски површини.

Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и сите технички модули ќе има вкупно 255 часа обука и ќе добие сертификат Заштитар на земјоделски култури.

Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и еден од техничките модули ќе има вкупно 150 часа обука и во зависност од техничкиот модул ќе се стекне со еден од следните парцијални сертификати:

  • Заштитар на поледелски култури
  • Заштитар на градинарски култури
  • Заштитар на винова лоза
  • Заштитар на овошни култури

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка. При целосна реализација на сите модули проверката на знаење ќе се спроведе преку завршен испит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот од обуката, учесниците се стекнуваат или со парцијален сертификат (150 часа) или со целосен сертификат (255 часа) за работна оспособеност ЗАШТИТАР НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ КУЛТУРИ.

Резултати од програма

[:mk]
  • Ја планира агротехниката на површините;
  • Ја познава легислативата и Добрата земјоделска пракса и нејзина имплементација;
  • Ги објаснува активностите поврзани со намалена употреба на пестициди и точно водење на документацијата;
  • Флексибилно управува со човечките ресурси;
  • Користи ИКТ (интернет, е-мејл, мобилни);
  • Разбира и користи информативни извори за заштита на растенијата (медиуми, списанија, ТВ, интернет и сл.).
  • Применува современи практики при примена на соодветните мерки за заштита во земјоделското производство;
  • Врши заштита на природните ресурси во агросферата: почва, вода, воздух, растителен и животниски свет.
  • Ја познава содржината на оперативен план за заштита на растенија и заштита на производи
  • Ги проценува условите за прием и сместување на средствата за заштита на растенијата
  • Ги препознава промените во развитокот на културните растенија и растителните производи и појава на болести
  • Ја објаснува организацијата на земјоделски аптеки
  • Ги искажува правилата за продажба на препарати за заштита на растенија
  • Ги опишува превентивните мерки на интегрална заштита на земјоделските култури
  • Ја објаснува употребата, регулацијата, чистењето, сместувањето и чувањето на машините за заштита на растенија
  • Ги познава начините на апликација на заштитните средства
  • Ги објаснува мерките за заштита од економските значајни болести, штетници и плевели при органско производство на земјоделски култури
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено минимум средно образование, основни ИКТ познавања и да се постари од 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 120 47
Пракса 120 47
Оценување 15 6
Вкупен број на часови 255
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support