Опис на програма

Целта на програмата е да се оспособат лица не помлади од 17 години да земаат мерки, изработуваат, монтираат, контролираат квалитет и сервисираат градежна столарија изработена од дрво, ПВЦ и алуминиум.

Програмата содржи вкупно 230 часови од кои 62 теоретска настава, 158 практична настава и 10 часа за проверка на стекнатите компетенции.. Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во просториите на Поспера Доо на адреса ул.ЈНА бр 24 Куманово, додека практичната настава ќе се спроведува на истата адреса и во реални услови на рбота.

Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 17 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со афинитети кон столарството.

. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Изработувач и монтажер на градежна столарија.

Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, дискусии во групи, набљудување, истражување/откривање, учење насочено кон решавање проблеми, практична  настава во столарски работилници. Програмата ќе биде реализирана од градежен инжинер, архитект или шумарски инжинер  теоретскиот дел,

и столар за градежна столарија во практичниот дел.

 

 

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката учесникот ќе биде оспособен да:
  • читаат едноставно изведувачки цртежи, скици и опис на работите од областа на занимањето;
  • утврдуваат работни чекори, средства и методи на работа во зависност од примената на суровините и помошни материјали;
  • планираат, подготвуваат, изведуваат работи и вршат проверка на квалитетот на извршените
работи;
  • примаат, класифицираат и складираат материјал за работа;
  • одржуваат техничка исправност на алатите, машините и приборот за работа;
  • ги познаваат и ракуваат со алатите, машините и уредите за изработка, монтажа, сервисирање на градежна столарија;
  • подготвува профили за кроење;
  • вршати дупчење на елементите:
  • изработуваат профили на елементите и едноставни шаблони и модели;
  • избираат конструктивни елементи за составување;
  • го контролираат квалитетот на обработените елементи;
  • пакуваат, складираат и транспортираат елементи или готови производи
  • почитуваат принципи на естетика и обликување на производите (дрво, пластика и алуминиум)
  • обработуваат (сечи, дупчи, обликува, моделира штрафи, кова суровини и помошни материјали
  • ги почитуваат ХТЗ и ППЗ стандардите
  • комуницираат со вработените и странките и нарачателите
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Работоспособни лица на возраст над 18 год, со завшено мин основно образование со желба за стекнување на нови знаења и искуства[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 65 65
Оценување 5 5
Вкупен број на часови 230
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support