Опис на програма

Кандидатите после успешно завршената програма ќе се стекнат со знаења и вештини и ќе бидат оспособени да изработуваат едноставни типови на пецива. Кандидатот ќе се оспособи да подготвува едноставни теста за пецива, да подготвува фил и да филува одредени пецива и да асистира во печење.

Исто така,кандидатите ќе се стекнат со основни познавања за  HACCP  стандарди, складирање на суровини,пакување на готови производи, употреба на машини и  апарати за изработка на пекарски производи.

Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.

По успешното завршување на сите теми се смета дека кандидатот успешно ја завршил обуката.

Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо,средно и ниско кое се внесува во листите за вреднување.Тоа се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина пооделно.

Резултати од програма

[:mk]Кандидатот по завршување на обуката ќе биде оспособен да:
  • подготвува суровини за производство на пекарски производи;
  • изработува производи од рецептури;
  • дозира, меша и обработува тесто;
  • евидентира и оценува произведени пекарски продукти;
  • ракува и одржува пекарски уреди и машини;
  • развива одговорност при  работа и интерес  за учење.
Согледува можност за вработување/само  или отварање на мал бизнис[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и возраст најмалку од 15 години Дополнителни услови – лице со оштетен слух[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 150 60
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
  • Скопје
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Повеќе програми од Државен училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски Скопје
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support