Опис на програма

Програмата содржи вкупно 200 часови од кои 76 теорија 65 предавања + 11 проверка на знаења), 124 пракса. Теоријата и писмените проверки ќе се реализираат во Приватната образовна  установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење ,,Ванчо Прќе“ Штип а практичниот дел во пекарска работилница, со која установата  склучува Договор за соработка.

Програмата е намената за работоспособни лица со завршено минимум основно образование кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд и имаат афинитети кон пекарството. Бројот на кандидатите се препорачува да не изнесува повеќе од 12 со тоа што ќе се работи во повеќе групи, заради специфичноста на работата и просторните ограничувања во практичниот дел. Програмата ќе трае два месеца.

Целите на програмата се кандидатите да се запознаат со опремата за производство на печиво и да ги совладаат постапките на нејзино користење. Да се запознаат со санитарните норми во производството и со правилата за лична хигиена. Да се запознаат со карактеристиките на основните и помошните суровини што се користат за производство на печиво и нивното влијание во технолошкиот процес, со изфработка на печиво кое е најзастапено на нашите простори; изработка на квасно печиво, лиснато тесто, пржено тесто, одредување на температурата на водата за замес на тестото, одредување должина на ферментацијата и температурата на печење. Воочување на можни дефекти и нивно отстранување.

Програмата ќе биде организирана во 6 модули и ќе се врши проверка на стекнатите знаења по утврдена динамика преку писмен тест и практичен дел. По завршување на програмата ќе се спроведе финален испит (тест и практичен дел) пред тричлена комисија, по чие успешно полагање ќе се издаде сертификат за Изработувач на бели печива.

По реализацијата на програмата учесниците ќе бидат оспособени да ја користат опремата што се употребува во една пекарска работилница; да ги познаваат условите за лична хигиена и санитарните норми во производството; да ги познаваат карактеристиките на основните и помошните суровини што се користат при производство на бели печива и нивното влијание во текот на технолошкиот процес; да умеат а направат неколку производи од квасно тесто (од замес до финален производ, т.е. печење); да умеат да изработат лиснато тесто со квас; да изработат лиснато тесто без квас; да направат крофни и мекици; да ги лоцираат грешките во

Резултати од програма

  • Програмата има за цел да го оспособи кандидатот да користи опрема за производств на печиво и начинот на користење
  • Применување на санитарните норми во производството
  • Ги избира основните и помошните суровини што се користат во производството на печиво и нивното влијание во технолошкиот процес
  • Меси, обликува, следи ферментација, пече, одредува должина на ферментација и факторите од кои тоа зависи
  • Применување на рецептури
  • Изработка на:
  • квасно печиво
  • лиснато тесто
  • пржено тесто
  • Воочување на грешки, недостатоци и соодветно постапување

Критериуми за влез во програмата

Учесниците треба:
  • да имаат завршено основно образование
  • да бидат државјани на Р. Македонија
  • да не бидат помлади од 17 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65 33
Пракса 124 62
Оценување 11 6
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support