Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  изработка на бели печива како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Изработувач на бели печива“.

Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 60 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на Стопанската комора на Македонија под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Изработувач на бели печива“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја организира својата работа;
  • ги почитува мерките за рационално користење струја, материјал и време;
  • применува прописи за добра производна и добра хигиенска пракса (НАССР);
  • применува прописи за заштита при работа;
  • применува прописи за квалитет на влезните суровини и дозволено дозирање на истите во производот;
  • разликува технолошки постапки за приготвување на одделни видови теста;
  • замесува, дели, сука, обликува и плете тесто;
  • применува режим на печење на печивата;
применува режим на ладење и пакување на готовите производи;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]минимум основно образование и возраст од најмалку 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 86400 86400
Пракса 86400 86400
Оценување 86400 86400
Вкупен број на часови 86400
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support