Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Лимар  и истата е со тримесечно времетраење, односно 300 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се  во функција на практичната обука,  која  пак се изведува во рлимарска работилница и терен во реални услови. Учесникот со програмата ќе  се оспособи да ја планира,организира и извршува работни задачи на производство на лимарски производи и лимени покривни конструкции, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, ќе комуницира со претпоставените и корисниците на услуги да изведува лимарски работи со  технолошки и изведбени постапки по барања на проектот и инструкциите на претпоставениот и странките, да изработува производи: колена, рачви, цевни елементи, да сече рачно и машински, да спојува со преклопување, заковување, лемење, точкасто заварување  и лепење, да реброва рачно и машински, да изведува  кровини лимени конструкции според  техничката документациј, да води  и издава потребна документација за изведените работи, да набавува опрема, материјали и репроматеријали, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ги познава правата од работен однос и можности за отварање  и водење на мал бизнис,

По завршувањето учесникот полага завршен испит со што се стекнува со Сертификат за стручно оспособување Изработувач на лимарски производи и лимени покривни конструкции.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи да применува соодветен алат, опрема,  средства и машини за работа, изработува лимарски производи и со  технолошки и изведбени постапки за производство и монтажа на лимени елементи и покривни лимени  конструкции по барања на проектот и инструкциите на претпоставените, води потребна документација и применува средства за лична заштита при работа и заштита на здравјето на луѓето и околината, одржува алати, уреди и машинсо кои работи,  корективно ги одржува и сервисира,  се грижи за постигнување на  квалитет и сигурност при работата, безбедност за личното здравје и здравјето на луѓето и животната средина.По успешното завршување учесникот  се стекнува со Сертификат за занимање Изработувач на лимени производи и лимени покривни конструкции[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 15 годишна возраст[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 210 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support