Опис на програма

Програмата за машинско плетење  обезбедува стекнување на знаење, вештини,  и компетенции ,за примена на основните техники при изработка  на машинско плетени производи производи од волна и други видови на предиво. Користење  на машини  и помошни алатки за плетење   и одржување на  истите.

Со програмата се стекнува способност за организирање на работата и плетење според редослед на операции применувајќи меѓуфазна контрола и отклонување на технички грешки кои се јавуваат во текот на плетењето.Во процесот на изработка на машински плетени производисе врши меѓуфазно пеглање и составување на исплетени делови од даден модел.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и и практична обука и води до      стекнување сертификат ИЗРАБОТУВАЧ НА МАШИНСКИ ПЛЕТЕНИ ПРОИЗВОДИ

по верификувана програма

Времетраење на програмата е 240 часа од кои 24 часа теорија,192пракса и оценување 24часа

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се одвива  во работилници

Вреднување на постигнатите резултати ќе се врши на крајот на секој модул

По завршување на програмата учесникот полага завршен испит со што се стекнува со       сертификат ИЗРАБОТУВАЧ НА МАШИНСКИ ПЛЕТЕНИ ПРОИЗВОДИ

Резултати од програма

[:mk]
По  завршување на обуката учесникот се оспособува да -        Планира соодветно предиво,опрема и прибор согласно даден модел -       избира соодветен материјал за работа согласно даден модел -       врши подготовка на предиво пред плетење -       одредува машини и алати за плетење согласно со техниката на плетење -       правилно ракува со алатки и машини за плетење,согласно со видот на предивото -       правилно користи и складира машински прибор за плетење -       плете самостојно со машината за плетење -       применува разни технички на плетење во зависност од даден модел -       изработува делови на плетен производ -       отстранува техничките проблеми во текот на работењето со машината за плетење -       обликува и поврзува составни делови на употребливи предмети -       применува совети за одржување и чување на машината и приборот за                        работа -       комуницира и се договара со клиентите -       ја организира работата на начин на кој не се загрозени безбедноста по животот и здравјето на работното место и пошироката околина
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]
Учесникот во програмата не е потребно да поседува предходни знаења, вештини и компетенции од областа на плетење и треба да има завршено најмалку основно образование
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 24 10
Пракса 192 80
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support