Опис на програма

Оваа програма има за цел да ги развие способностите на учесниците за начинот на примена на веќе постоечки шаблон во изработка на краен продукт, женска и машка кошула. Самата програмана опфаќа технолошка изработка на кошула, преку теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел кандидатот се оспособува да го реализира работниот налог, преку изработка на прототип (пробен модел) на кошула, како и подготовка на материјалот на кроење. Главната цел на оваа програма би била да го оспособи учесникот да крои по веќе постоечки шаблон, да шие и да врши доработка и меѓуфазни операции потребни за успешна реализација на крајниот продукт.

Начинот на реализација на програмата ќе се состои од неколку методи на учење:
Методи на учење:
– часови по теорија;
– практична демонстрација;
– индивидуални вежби;
– индивидуална и групна работа со наставникот.

Преку оваа програма учесникот треба да се стекне со сертификат за изучување на техниките за кроење и шиење на женска и машка кошула.

Oвој курс опфаќа четири модули:
– Технолошки процес на изработка на облека,
– Кроење на машка и женска кошула,
– Технолошки процес на шиење,
– Шиење на машка и женска кошула.

Програмата е предвидено да трае три месеци (240 часа) од кои :
– Предавање-теоретска настава 50 часови
– Вежби, практична настава, тимска работа 165 часови
– Проектна и самостојна задача 25 часови

Резултати од програма

[:en] [:mk]По релизација на програмата учесникот ќе биде оспособен: - правилно да го подготвува материјалот за кроење, - да крои женска и машка кошула, по веќе подготвени шаблони, - правилно да ракува со машини за шиење (права машина, рупичарка, копчарка, оврлок), - да шие женска и машка кошула, - да ги применува меѓуфазните и завршните фази (да пегла, да ги контролира и чисти конците, да шие копчиња, да пакува и др.), - да ги коригира готовите производи според дадениот модел, - да го реализира работниот налог.[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Учесниците треба да имаат завршено најмалку основно образование и да имаат наполнето 15 години.[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 165 70
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support