Опис на програма

Програмскиот документ содржи  6 тематски целини. Основната цел на програмата изработувач на мебел е стекнување на знаења и развивање на вештини за изготнување на производи од плочест материјал и дрво .Програмата е практично ориентирана преку практичната обука и теоретската настава и истата води кон стекнување на сертификат за изработувач на мебел.

Практичната обука ја реализира мајстор – столар,а теоретскиот дел го реализира наставен кадар согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование.

Обуката се спроведува во столарска работилница во траење од 6 (шест ) месеци или 80 часа месечно или вкупно 480 часа.Обуката  се организира пет дена по 4 часа или вкупно  20 часа неделно. Практичната обуката   обучувачот може да ја организира со индивидуален пристап, додека теоретската настава повремено може да се  организира фронтално, индивидуало, или групна во зависност од поставените цели на тематските целини.

Времетраењето на часовите по теоретската настава и практичната обука  се во согласност со Законот за средно-стручно образование на Р. Македонија.

Програмскиот документ содржи упатства за реализаторите какви форми и методи можат да користат во текот на обуката и како да ги вреднуваат резултатите од обуката.

Оценувањето на резултатите на постигањата на учесницит е перманентно и тоа усно,писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио.По завршување на обуката се спроведува завршен испит преку практична работа и усна одбрана.

Секој учесник кој го положил завршниот испит добива сертификат  изработувач на мебел  во кој се внесуваат стекнатите вештини,компетенции и знаења. Секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 120  минути  и е во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел  влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.

 

Резултати од програма

[:mk]Со постигањето на целите учесникот е оспособени да: организира работни операции во столарска работилница, го одржува алатот и приборот  во исправна состојба, изработува мебел од плочи, масивно дрво и други основни и помошни материјали, врши монтажа,  заштитува изработени предмети, води административни работи и репарира стар мебел.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Во оваа програма можат да се вклучат кандидати со завршено средно-стручно образование , но и со завршено основно образование.Учесниците да се постари од 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 17 17
Пракса 80 80
Оценување 3 3
Вкупен број на часови 480
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support