Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на плетени производи, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и практична обука и води до стекнување сертификат “ изработувач на рачно плетени производи ”.

Програмата се состои од три модули – плетење со 1 игла, плетење со 2 игли, плетење јазли –  макраме, со кои се стекнува еден сертификат

Времетраење на програмата е 240 часа, од кои 24 часа теорија, 196 часа практична обука и 24 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се одвива во училница, а практичниот дел во просториите на студиото од понеделник до петок.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува во текот на обуката и на крајот  на модулот. По успешно завршување на трите модули учесниците се стекнуваат со сертификат “ изработувач на рачно плетени производи ” .[:]

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен правилно да работи со иглите и конците - предивото, да плете рачно со една игла, да плете рачно со две игли, да плете јазли со раце, да обликува и со плетење да поврзува составни делови на употребливи предмети, да избира материјал, да поправа поедноставни грешки, со што ќе може да конкурира на пазарот на трудот[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Да има завршено најмалку основно образование, да има наполнето 15 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 24 10
Пракса 192 80
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support