Опис на програма

Програмата Изработувач на филигран е со времетраење од 400 часови, од кои 80 теоретска настава,300 практична настава и 20 часа проверка на стекнатите компетенции, распоредени во конципирани три тематски целини и истата се базира на резултати на учење со теоретски минимум во секоја тематска целина во функција на стекнување на практичните вештини.
Стручно теоретските содржини се изведуваат во училница кабинет во просториите опремена со наставни средства и помагала за настава, а практичната обука во работилницата за филигран опремена со потребните материјали, алти и прибор за изаработка, гравирање, поправка и корекција на накит.
Практичната обука се изведува преку вежби кои се така конципирани и планирани да водат кон краен готов производ, истите го следат редоследот на операциите од подготовка, изработка на елементи и спојување во една функционална или завршна целина и/или корекција и поправка на оштетен накит.
Во текот на реализацијата на обуката се врши формативно следење и вреднување на постигањата на целите по одделните тематски целини сумативно на крајот од обуката- завршен испит.
Учесниците кои со успех ќе ја завршат програмата и положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат Изработувач на филигран.
По завршувањето на програмата учесникот ќе полага завршен испит пред тричлена комисија.
По успешно положениот завршен испит, учесникот се стекнува со сертификат за работно оспособување за занимањето Изработувач на филигран,
Изработувачот на филигран може да се вработи во компании за производство на накит, да отвори самостоен дуќан за изработка на накит или да се вработи кај занаетчија.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесниците ќе бидат оспособени да: • ракуваат со алати и уреди за изработка, монтирање, корекција, гравирање и одржување на накит; • одржуваат техничка исправност на алати, уреди и прибор за работа; • подготвуваат материјали за топење, извлекување, обработување, изготвување, лемење, брусење, поставување и составување на елементи; • изработуваат, поправаат и вградуваат филигрански производи; • контролираат квалитет на направени или поправени производи и понатамошно прилагодување; • корегираат, гравираат и поправаат оштетен накит; • разликуваат, карактеристики на украсни камења, метали, благородни метали и нивните легури; • вградуваат скапоцени и украсни камења во накит; • познаваат грешки на накит и накит производи, методи и техники на поправка; • пакуваат, складираат и соодветно чуваат филигрантски производи; • подготвуваат дневни извештаи за производите и прават основни пресметки за чинење на производот; • почитуваат принципи на естетика и обликување на производите; • ги почитуваат ХТЗ и ППЗ стандардите;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]• Завршено основно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 300 75
Оценување 20 5
Вкупен број на часови 400
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support