Опис на програма

Програмата ќе ги обучи, оцени и квалификува  студентите за да се стекнат со потребното знаење, вештини и пристап потребен за извршување на операции за лична заштита.

Преку програмата на курсот студентите ќе се стекнат со стандардизирано знаење и вештини кои се користат во извршување на функцијата Офицер за Лична Заштита, кој може да работи сам како придружник на заштитуваното лице или како член на тим за заштита и под надзор на Тим Лидер.

Курсот се изведува во две фази, прва фаза е теоретски дел и втора фаза е практичен дел.

Првата фаза е намената за стекнување на теоретско знаење на сите основни и помошни предмети поврзани со изведување на операции за лична заштита. Во оваа фаза студентот ќе го проучува прирачникот на академијата  “Офицер за Лична Заштита”.

По завршувањето на првата фаза студентот треба да изработи писмена задача преку која ќе го демонстрира своето знаење на предметите.  Писмената задачата ќе се состои од планирање на една заштитна операција, работа на предходница и проценка на заканата.

Прва фаза предмети:

  1. Употреба на сила
  2. Стандардни оперативни постапки во извршување на операции за лична заштита
  3. Безбедносна свесност
  4. Психолошки одговор на стрес
  5. Непријателско тајно следење и набљудување
  6. Импровизирани експлозивни направи
  7. Концепт, техники и постапки на заштитни операции
  8. Тим за Лична Заштита
  9. Директна заштита
  10. Конвој
  11. Статичка заштита
  12. Проценка на ризик
  13. Оперативен план
  14. Претходница
  15. Координација
  16. Комуникација
  17. Напаѓачи (мотиви и цели)
  18. Типови на Заштитувани Личности

Втората фаза е фокусирана на знаењето, пристапот, индивидуалните и тимските вештини потребни за ефективно извршување на заштитни операции.

Вторта фаза трае 14 дена.

  1. Тактичка прва помош
  2. Крав Мага ( самоодбрана)
  3. Тактичка употреба на огнено оружје во заштитни операции
  4. Заштитни формации
  5. Анализа на рути
  6. Тактичко возење
  7. Конвој постапки и контрола
  8. Тајно пратење, следење и против-мерки
  9. Говор на тело
  10. Финална вежба-Реално Сценарио

Сите активности во вторта фаза се практични и ќе се оценува нивната компететност/некомпететност.

Практични сценарија се изведуваат за сите предмети и се оценуваат студентите за нивната компететност.

Само студентите кои ќе бидат оценети за компетентни ќе учествуваат во финаланата вежба.

Во текот на финалната вежба вештините на студентите ќе биде континуирано оценувани во извршувањето на тимска заштитна операција.

Студентите кои ќе  бидат оценети за некомпетентни во два или повеќе предмети ќе мора да ја повторат вторта фазата во целост.

Студентите кои ќе бидат некомпететни во само еден предмет ќе добијат втора  шанса во текот на курсот да ја поправат својата оценка. Втора шанса подразбира три дополнителни обиди (тест).

Критериумите за оценување ќе бидат јасно и целосно објаснети, студентите ќе се запознаат со начинот на оценување и ќе можат да поставуваат прашања за до-објаснување на критериумите за оценување на изведбата.

Студентите кои ќе отсуствуваат од практичниот дел на курсот од неоправдани причини или ќе манифестираат небезбедна работа со оружје ќе бидат веднаш отстранети од понатамошно учество на курсот.

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на Првата Фаза студентот ќе биде способен : - Да ја разбере улогата и одговорноста на секој учесник во заштитните операции. - Да ги разбере критериумите за употреба на сила - Да ги идентификува специфичните закани кон заштитуваното лице - Да ги разбере техниките за стрес менаџмент - Да открие и спроведе мерки за против-набљудување и собирање информации - Да спроведе мерки за превентивно дејствување кон експлозивни направи - Да планира и имплеметира заштитни прстени околу заштитуваното лице - Да идентификува и постави соодветни мерки за одвраќање, откривање и отежнување на обиди за напад - Да примени концепт на физичко обезбедување во контекст на операции за лична заштита - Да процени опасни места во објектите - Да изработи проценка на ризикот - Да изработи оперативен план По успешно завршување на Вторта фаза студентот ке биде способен : - Да даде прва помош во различни услови како поединец и член на тим - Да планира медицинска заштита - Да планира и изведе тактичка евакуација на повреден - Да донесе правилна одлука за употреба на соодветна сила - Да ги разбере условите кои водат кон менаџирање на конфликт - Да се одбрани од нож, пиштол и палка - Да користи ефективно различни типови на огнено оружје, заклони, приоритизација на повеќе мети во услови на стрес и напад врз заштитуваното лице. - Да извршува различни улоги во заштитните формации - Да реагира соодветно на напад кога е дел од тим - Да разбере и избере соодветни места за пристигање/заминување на заштитуваното лице - Да планира и извршува конвој движења - Да реагира соодветно на напад врз конвојот - Да изврши инспекција на возилото - Да ги изврши тактичките маневри со возила[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Да е постар од 18 годни. Да е психо-физички здрав. Да не е осудуван. Да има завршено средно училиште. Да има возачка дозвола. Да знае да плива. Физички тест за 4 минути со заштитен елек да се направат - 10 склека, 10 скока, трчање 400м и 75кг да ги влече 25м Да има основен курс за употреба на оружје.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 25 15
Пракса 140 82
Оценување 5 3
Вкупен број на часови 170
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support