Опис на програма

Програмата е насочена кон стекнување на вештини за градење на односи и комуникација, во и надвор од организацијата, преку идентификување на чекорите во градењето односи и препознавање на стиловите во работењето и комуникацијата

Темите се  поддржани со практични алатки за идентификување на факторите и фазите за градење на интерзонални односи, улогата на раководителот во идентификување на типовите и стиловите на личноста за комуникација , начините за внатрешна и надворешна комуникација и техниките на градење и раководење на тимот.

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за градење на односи и ефективна комуникација во извршување на задачите.

Времетраењето на програмата е  24 училишни часа.  Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасните. Наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Практичната обука се состои од активности на  учесникот, организирани во тестови и вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа и пополнување на обрасците за планирање на продажбата и 5 акции за ширење на бизнисот

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот, со писмен тест и завршен испит за практичниот  дел. После положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат за Вештини за градење на Интеперсонални односи и комуникација со тим.

Резултати од програма

[:mk]После завршување на обуката учесникот ќе биде способен да: - Идентификува стиловите на менаџирање и комуникација - Примени техниките за градење на Интеперсонални односи ( менаџер-вработен и врботен –клиенти) - Избор и водење на тим - Примена на алатките за формана и неформална комуникација По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да го направи следното: да дефинира сопствениот стил на раководење и менаџирање, ја користи комуникацијата за остварување на бизнис целите , гради односи на задоволни клиенти .[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Нема.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 12 50
Пракса 8 33
Оценување 4 17
Вкупен број на часови 24
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support