Опис на програма

Целта на оваа програма е  учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за    испитување на метали и метални конструкции за  професионално вршење на работите во областа на испитување без разорување.

 

Предавањата ќе бидат од теоретски и практичен тип во училница и опремена лабораторија. Комплетна опрема која е потребна за практичен приказ на предавањата ќе биде искористена како и заштитна опрема при работењето. Програмата ќе трае 210 часови во период од 4 месеци.

Со програмата учесниците ќе се стекнат со знаење за испитување на метали и метални конструкции, лиени и ковани делови, испитување на цевки и тн, користејки ги следните методи:

–       Испитување со течни пенетранти

–       Испитување со магнетни честички

–       Визуелно испитување

 

Програмата е создадена за развивање на знаења и вештини во областа на испитувањето со пенетранти, магнетни честички и визуелно испитување.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по завршување на обуката  ќе биде способен да планира, организира и извршува работни задачи при испитување без разорување користејќи течни пенетранти, магнетни честички и визуелно испитување, да спроведе  технологија на испитување, да користи различни видови на испитувања,  да испитува производи од метал, неметални производи од различни облици, да ги применува важечките европски и интернационални прописи и стандарди, да ја користи опремата за  испитување, да ги познава технолошките постапки на испитувањето.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Невработени лица или вработени лица со потреба за доквалификација или преквалификација со најмалку основно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 29
Пракса 120 57
Оценување 30 14
Вкупен број на часови 210
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support