Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне компетенции за примена на основните техники на угостителското послужување како и правилно користење на опремата и инвентарот за послужување.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за келнер гастроном.

Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 70 часа се стручна теорија, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителско послужување (Напреден курс и Специјализиран курс).

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;
  • врши проверка на квалитетот на извршената работа;
  • организира и сервира ресторанска маса за вечера или ручек по избор од листата на јадења или по утврдено мени;
  • користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците;
  • применува во практика правила при послужување на специјални јадења во ресторанот;
  • ракува со инвентар при послужување во бар;
  • подготвува основни барски коктели;
  • применува во практика правила при послужување на различни видови дневни оброци;
  • послужува јадења и пијалаци при банкетското послужување;
  • опишува организација на работата за сервирање на пулт за коктел-партија и сервирање за чајанка;
  • практика применува правила за сервирање на маси за свадбен и ловен банкет;
  • применува правила и сервира банкет од протокол и ладно бифе;
  • презентира гастрономски правила пред гостинот;
  • применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 18 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 70 30
Пракса 150 65
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 230
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support