Опис на програма

Програмата КОЗМЕТИЧАР ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во козметичкиот салон, да разликуваат типови кожа, да спроведуваат козметички постапки, да комуницираат со клиентите и соработниците. Времетраењето на програмата е 210 часа, од кои теорија 42 часа, пракса 147 часа и оценување 21 часа. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во козметички салон. Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Козметичар за лице и тело по верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да: - изведува работи и работни задачи во козметички салон, - планира, организира простор и работа во козметички салон, - спроведува дезинфекција и стерилизација во салонот, - подготвува алат, прибор и материјал за работа, - прием на клиент, - подготвува работно место и клиент, - проценува состојба на кожа, - изведува третмани на лице, - изведува третмани на тело, - изведува третмани на раце - изведува третмани на стапаала, - применувамерки за заштита на здравје на клиенти и околина - демонстрира позитивен однос кон работата и кон клиентот, - применува основни правила на однесување.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]
Завршено најмалку основно образование и возраст над 16 години, без предходно стекнати знаења за ова занимање.
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 42 20
Пракса 147 70
Оценување 21 10
Вкупен број на часови 210
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support