Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во козметиката за нега на лице и тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опремата, препарати и инвентар.

 

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за козметичар за нега на лице и тело.

 

Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 25 часа се стручна теорија, 115 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

 

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви во козметиката (Напреден курс и Специјализиран курс).

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:  
  • организира прием на клиентот во салонот,
  • идентификува средства за нега на кожата,
  • разликува методи за одредување на статусот на кожата,
  • индентификува и правилно користи приборот и средствата за работа,
  • избира средства и препарат за третман на кожата на лицето и телото,
  • чисти лице со средства за чистење и освежување,
  • масира лице, врат и деколте
  • нанесува маски на лице и го чисти лицето од маски
  • користи класични препарати во третманите на лице и тело.
  • применува релаксирачка масажа на лице и тело,
  • применува ароматерапијата во козметичките третмани на лице и тело,
  • изведува депилација со топол и ладен восок на лице и тело,
  • развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење.
  • применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 25 20
Пракса 115 73
Оценување 10 7
Вкупен број на часови 150
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support